Македонија

Богданов: За година и пол до две може да има пресудата на ЕСЧП за тужбите на Груевски Мијалков Јанакиевски Јанкуловска

Ретко доаѓа до спогодба меѓу државата и апликантите во предмети во кои се тужи за нарушено право на правична постапка како овој со 10 обвинети пораншени функционери кои се повикуваат на помилувањата на Иванов. Ова е искуството на поранешниот владин агент во Европскиот суд за човекови права, Костадин Богданов кој вели дека во овие посложени предмети странките најчесто се одлучуваат да чекаат пресуда.

Ако до декември не дојде до спогодба владата треба да одговори на прашањата поставени од судот.  Дали е законито помилувањето и повлeкувањето од експретседателот Иванов. Ова е клучното прашање на кое треба да одговори државата, смета поранешната судијка во судот во Стразбур Маргарита Цаца Николовска. Таа смета и дека ситуацијата со помилувањата на Иванов не е иста како она во случај  Лекса против Словачка на кој се повикуваат обвинетите дека еднаш дадено помилување не може да се повлече.

Судот се интересира и дали Актот за помилување од 2016 година беше од индивидуализиран карактер, чија цел беа конкретни лица?

Кога ќе ги добие одговорите од двете страни судот ќе одлучи дали ќе има јавна расправа. За овој предмет според Богданов треба да одлучуваат 7 судии меѓу кои и македонскиот. Таму од 2017 е Јован Илиевски кој беше обвинител за организиран криминал но е и баџанак на еден од апликантите, ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков. Николовска вели на негово место би се изземала. И Богданов го очекува истото, посочува дека и во други предмети македонските судии се изземале.

Адвокатот Влатко Илиевски кој ги застпаува сите 10-мина апликанти во изјава за Телма вчера беше оптимист, од Министерството за правда пак не коментираат ни која ќе биде нивната стратегија.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборот беше тежок поради квалитетот на кандидатите, тврди претседателката Силјановска за предлогот, Славески да биде нов гувернер

Дејан Дејан

Претседателката го предложи претседавачот Славески за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Мицковски: Нека постапуваат надлежните за градбата во Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе