Македонија

Димитров: Постигнавме напредок и можеме и треба да бидеме задоволни

Извештајот претставува објективна, сеопфатена и реална анализа на состојбите и остварениот напредок, но и референтна точка што ќе ги диктира реформите од еворпската агенда. Вториот дел од периодот што го покрива извештајот беше полн со предизвици, кои нужно влијаеа на динамиката на реформите покрај пандемијата, здравствената криза, во  која сè уште се наоѓаме и ние и светот, подолг временски период имавме техничка влада без политички мандат и не функционално Собрание. Сепак и во вакви ограничувачки услови Северна Македонија постигна напредок и можеме и треба да бидеме задоволни од целокупната оценка на Европската Комисија.

Ова го нагласи заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров и шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, на денешната заедничка прес-конференција на која го презентираат Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2020 година, како и пакетот за проширување.

Според Димитров, оценката за вкупната подготвеност за напредок на С. Македонија е 3, 11 или добро ниво на подготвеност, што значи дека споредебено со  претходната година има одредено поместување во нагорна линија, затоа што оценката за подготвеност лани била 3,06.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Бидете спокојни, стратешкиот договор со В. Британија не предвидува прием на мигранти

Дејан Дејан

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржат Славески за гувернер, СДСМ најавува остар отпор

Дејан Дејан

Полицијата заплени 5 “тегли со молитви” и уапси брачна двојка од Велес за измама преку “Библиска Македонија” откако ги пријави струмичката епархија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе