Вести Македонија

Од УПОЗ револтирани за промената на работното време

Синдикатот на УПОЗ реагира на вчерашната одлука на Владата за промена на работното и бара истата итно да биде повлечена. Од таму велат дека и се обратиле до Владата, дека се затекнати бидејќи не биле претходно информирани и консултирани како социјален партнер, со оглед на тоа што во Гранскиот колективен договор потпишан во почетокот на оваа година, е утврдено дека работното време е флексибилно.

„Ваквата одлука, за Синдикатот на УПОЗ е нејасна и конфузна и веднаш создаде револт меѓу вработените од причина што Владата со носењето на ваквата одлука сметаме дека не го почитува социјалниот дијалог, постапува спротивно на Конвенциите на Меѓународната организација на трудот и го негира Гранскиот Колективен договор за органите на државната управа“, се вели во соопштението.

Според Гранскиот Колективен договор работното време на вработените е флексибилно, започнува во 07:30 – 08:30 часот, завршува во 15:30 – 16:30 часот. Вака утврденото право не може и не смее да се дерогира со еднострани одлуки донесени од Владата или од било кој друг орган бидејќи се спротивни на сите позитивни законски норми, додаваат во соопштението од УПОЗ од каде се надеваат дека владата ќе ја преиспита одлуката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе