Ковид19 Македонија Најважни

Онлајн платформата и денеска на „тест“

По вчерашното „паѓање“ на Националната платформа за учење на далечина и неодржаниот пробен час, дел од наставниците и професорите се одлучија денеска повторно да се обидат да стапат во контакт со своите ученици.Втор ден се тестира онлајн платформата на која основците и средношколците ќе почнат да слушаат предавање за два дена . Вчера биле најваени повеќе од 88 .000 ученици што го бутна системот . Дури и оние кои успеаа да се вклучат за кратко изгубија конекција. Министерката за образование пак денеска повика на трпение, и кај наставниците и кај учениците и нивните родители велејќи дека очекувано е во првите две недели од школската година да има проблеми со влегување во платформата , но и дека верува дека ќе се надминат ваквите проблеми.

Инаку на два дена до старт на новата училишна година , родителите со кои разговараше Телма велат дека денеска им била испратена анкета , за тоа колку ученици има во нивното семјество дали имаат комјутери дали се вработени. Според владината одлука поголем број училишта во земјава наставата ќе ја започнат онлајн.

Платформата ќе треба да биде на располагање на околу 250 илјади ученици и 26 илјади наставници. Систем инженерите , како што вчера за Телма изјави од ФИНКИ  во од ќе го решаваат креирањето на предметите и поврзувањето на учениците со предметите. Додека пак, приклучувањето на нов сервери на мрежата ќе се прави навечер кога таа нема да се користи.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: Без здравствена заштита се 20.000 деца во Македонија

Дејан Дејан

Министерството за здравство, сепак, останува во „Вреди“?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе