Македонија има најдобар индекс на бирократија во регионот и во Европа а на фирмите им е потрбено најмалку работни часови за да ги исполант сите бирократски обврски кон државата на годишно ниво, покажува истражувањето спроведено во шест држави кое денеска беше презентирано во јавноста. Со влезот во Европската Унија ќе мора да се менува и усогласува законската регулатива што ќе повлече поголем број на работи часови потребни за да се исполант нормите.
Вицепремиерот Фатмир Битиќи најави креирање на регистар на сите административни процедури за да се елиминираат долгите бирократски процеси во државата.
Дигитализацијата на администрацијата и бироктаријата ќе му помогне на бизнисот бидејќи ќе заштеди време, но клучно е да се престане со вреаботување на партиски кадри
Проблемот со партизација на админстрацијата го посочија и од Антикорупциска и Транспаренси Интернешенел чие истражување откри недостацои во законската регулатива и системот преку кои се овозможуваат партиски вработувања.
Огнен Чанчаревиќ