Продолжуваат превирањата во ВМРО ДПМНЕ .Именувањето на нови претседатели на општински комитети предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Расте незадоволството. Одлуките се оценети за нестатутарни и недомократски. Ова го гледаме како процес на насилна сегрегација во партијата вели поранешната пратеничка Марија Ангелова.
Се огласи и поранешниот пратеник Никола Попоски .Преку фејзбук повика на разум а не на сила.,,Именувавме група претседатели на ОК директно од врв.. Сега ќе именуваме друга група, преку комисија, но исто од врв.. Зошто да не оставиме, барем во тие Општински комитети каде самите би сакале, да си одберат водачи преку гласање на членовите? Конечно, ако не одиме за се на сила, можеби разумот ќе не направи посилни за да можеме повторно да победуваме, напиша Попоски.`
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека изборот на нови членови на општинските комитети во ништо не се разликува од претходните избори.
Извршниот комитет на партијата на последната седница именуваше 14 претседатели на општински комитети.Во тек е и оглас за нови претседатели на Униите на млади сили и на ветераните.се очекува наскоро да се избре и нов Генерален секретар на партијата кој ќе го заземе местото на игор Јанушев кој од лични причини ја напушти функцијата.
Јулијана Пешевска