Ковид19 Македонија

Се влошува состојбата со Ковид-19 во Прилеп

Состојбата со Ковид-19 во Прилеп се влошува и е сериозна, затоа што бројот на заболени и хоспитализирани е во пораст. Oва се должи на масовно непочитување на мерките, велат од Кризниот штаб. Во моментот има 125 активни случаи, само еден е кластер формиран меѓу колеги во иста компанија, а сите останати се семејни кластери формирани на домашни прослави.

Епидемиолошката анкета покажува дека во работните организации позитивните немаат поврзаност меѓу себе, што значи вирусот го донеле однадвор. Голем дел од нив во анкетата кажале дека присуствувале на семејни веселби, слави, имендени, групни собирања. Во фирма има еден поголем активен кластер, изјави Драгица Николоска, директор на Центар за јавно здравје Прилеп.

Се полни и Инфективното одделение во прилепската болница, каде има капацитет за 30 пациенти, а во моментот хоспитализирани се 23, од кои 10 се на кислородна поддршка. Загрижува фактот што се поголем е бројот на хоспитализирани малди пациенти.

Денеска примив момче на 24 години, а брат му го пратив во премногу тешка сосотјба на Клиника во Скопје. Старосната граница се повлекува, хоспитализираме млади со потешка клиничка слика. Во Скопје не ги примаат тешките пациенти и оние со коморбидитети и  затоа се наоѓаме во една независна ситуација во однос на лекувањето, вели Мирјана Крстеска, инфектолог во Општа Болница „Борка Талески“ – Прилеп.

На денешниот состанок на Кризниот штаб одлучено е да се засилат контролите на сите надлежни инспекции и полицијата за почитување на мерките.

Во консулатација сме со кумуналниот инспекторат, со полицијата  и пазараната инспекција. Ќе има засилени контроли, тоа е она што можеме да го направиме, рече Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Во Прилеп од почетокот на пандемијата до денес има вкупно 644 заболени и 38 починати од Ковид-19.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: Без здравствена заштита се 20.000 деца во Македонија

Дејан Дејан

Министерството за здравство, сепак, останува во „Вреди“?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе