Домашниот натпреварувач Жилиен Алафилип е победник на втората етапа од велосипедската трка околу Франција што се возеше во Ница во должина од 186 километри.
Алафилип беше најбрз во завршниот спринт и на целта пристигна со време од 4 часа 55 минути и 25 секунди. Второто и третото место им припадна на Марк Хирши од Швајцарија и Британецот, Адам Јејтс.
Денешниот победник изби на чело во генералниот пласман со четири секунди предност во однос на Јејтс додека на третата позиција е Хирши со заостанување од седум секунди.
Утре на програмата е третата етапа што ќе се вози од Ница до Систерон во должина од 194 километри.