Хаос на албанско- грчката граница кај Какавија. Километрски колони возила и автобуси со албански државјани од вчера попладне се пред овој премин.
Повеќето се албански емигранти кои за време на летниот одмор одлучиле да дојдат во родниот крај,но по највата дека нема да се дозволува влез без негативен ПЦР-тест,побрзале да се вратат назад во Грција.
Претседателот Илир Мета побара од Владата под итно да воспостават контакти со грчката страна, и да ги презе сите мерки за да го олеснат и гарантираат слободното движење на граѓаните преку границата.