Македонија Најважни

Пендаровски утре ќе му го додели мандатот на Заев

Претседателот Стево Пендаровски утрте на пладне ќе му го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, велат за Телма од претседателскиот кабинет.

Шефот на државата, како што соопштуваат од неговиот кабинет се консултирал со еминентни експерти, при што заклучил дека Собранието е конституирано на 4 август и оти оттогаш течат уставните рокови за доделување на мандатот.

-Претседателот се консултираше со еминентни правни имиња и заклучокот беше јасен: За да се смета дека Собранието е конституирано, потребна е верификација на мандатите на пратениците, а не нечиј избор. Претседателот Пендаровски, иако ги разбира мотивите на претседавачот Џафери, останува на неговиот став кој впрочем го потврдува и политичката практика во сите изминати години кога на власт биле различни политички опции, се вели во реакцијата на кабинетот на претседателот на државата.

Реакцијата се однесува на ставовите кои ги изнесе досегашниот претседател на Собранието Талат Џафери, кој за ТВ 21 рече дека доколку претседателот Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот собраниски спикер, тогаш неговиот чекор би бил противуставен.

-Неуставно е доделување мандат без да има претседател на Собрание кој ќе ги стави во функција другите рокови кои треба да ги следи Собранието, бидејќи на законодавниот дом роковите му започнуваат од моментот кога ќе го добие известувањето од шефот на државата дека мандатот е доверен. Неовластен човек не може да ги информира пратениците, истакна Џафери синоќа во интервју за емисијата „10 минути“ на ТВ 21.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кошта: Tреба да се испорача она што беше договорено во 2022 година – Нема веќе за што да се договараме

Дејан Дејан

Граѓаните кои се во неповолна финансиска положба имаат право на бесплатна правна помош

Дејан Дејан

Мировни преговори во Истанбул без Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе