Македонија

Неколку тетовски населби и денес без вода

Со шишиња жителите на тетовската населба Блок 70 полнат вода од надворешна чешма, бидејќи во нивните домови неколку дена има прекин во водоснабдувањето поради два поголеми дефекти во главната водоводна мрежа. Дополнително се жалат дека мора да купуваат вода за пиење, а отежнато им е и одржувањето на основните хигиенски потреби. Со истиот проблем и денес се соочуваат неколку населби во градот.

Старата дотраена водоводна мрежа е причината за честите дефекти и прекините во водоснабдувањето во Тетово. Градот долги години се соочува со вакви проблеми, а градскиот водовод е стар 90 години.

Повеќе од половина од жителите на Тетово од среда немаа вода, додека денес проценките се дека во 85 проценти од градот водоснабдувањето е нормализирано. Прекинот настана поради два поголеми дефекти во главната водоводна мрежа. Пред два дена се појави дефект на улицата Цветан Димов, на чие целосно санирање се работеше речиси два дена, за паралелно да се појави и дефект во паркот покрај Шарена џамија.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Повредата е толку осетлива што од минута во минута создава нови проблеми“ вели мајката на повредениот син во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе