Вести Македонија

Се поплави рудникот Суводол

Елементарна непогода предизвикаа обилните врнежи од дожд во рудниците на РЕК Битола. Невремето што го зафати Пелагонискиот регион ги  поплави јагленовите откопни полиња  во Рудникот Суводол во РЕК Битола, поради што во прекин е ископот и транспортот на јаглен, информираат од Државните електрани. Производството на електрична енергија засега се одвива според палнот и  потребите на електроенергетскиот систем.  Од комбинатот велат ваква елементарна непогода, со интензивни и обилни врнежи, не е забележана во последните 20 години.

Се вложуваат натчовечки напори за санирање на сосотојбита.   На терен е комплетното раководство и стручните служби на РЕК Битола, а известена е Владата, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, како и Армијата.  Сите тиа ги ставија своите ресурси на располагање за интервенција, доколку има потреба. Во сите активности што се преземаат за санација на последиците од обилните дождови, приоритет останува безбедноста на вработените, а потоа и опремата, информираат од АД ЕСМ.

Слична е состојбата и во Рудникот Брод Гнеотино каде се копа кровна  јаловина. Се преземаат напори и таму да се санираат штетите за да се подготви рудникот за ископ на јаглен на почетокот на септември, со цел да се добијат потребните колични за следната грејна сезона

Ова е трета поплава на Рудникот Суводол во РЕК Битола во рок од два месеци. Во  изминатите 24 часа во битолскиот регион наврнаа 35 литри дожд на метар квадратен.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе