Македонија

Невремето поплави улици, собори дрвја и откорна покриви на згради

Со лопати и други алати екипите на Водовод втор ден по ред се на терен. Ја расчистуваат калта и сметот кај атмосферската канализација и ги слободуваат улиците од надојдената вода за да бидат лесно проодни.

Дождот направи мали езерца на асфалтот. Автомобилите како на оф-роуд возење, со тркалата расфрлуваат вода на сите страни. Експертите велат дека вакво време нѐ очекува до крајот на неделата.

„Во текот на утрешниот ден повторно ќе имаме нестабилно време, за 24 часа на некои места ќе има наврнат воден талог од 30 литри на квадратен метар. Нестабилно ќе биде и во петок и сабота и претежно во попладневните часови, најпрво во западните делови, а потоа и кон југот и истокот на Републиката“ изјави Борис Секирарски од УХМР.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека и покрај силниот дожд, засега никаде нема излевање на вода ниту пак други оштетувања.

Невремето направило штети на некои места како во Делчево каде што силен ветар успеал да откорне неколку лимени покриви меѓу кои и на една од зградите во центарот. Во тој момент немало случајни минувачи.

Апелираат секој што ќе забележи одредени излевања и надојдена вода да пријави на бесплатниот телефонски број за итни повици 195.

„Ги известивме сите регионални центри за управување со кризи и сите јавни комунални претпријатија како и другите надлежни институции да ја следат состојбата и доколку има потреба да преземат соодветни мерки“ велат од Центарот за управување со кризи.

Дождот вчера ги поплавил некои од редовно проблематични точки во градот кога има поројни дождови.

„Денес втор ден по ред има невреме во Скопје. Вчера беа поплавени неколку улици, а на пет локации беа пријавени дрвја и гранки за расчистување.“

Освен полни улици со вода, деновиве има и пад на температурите. Денес и утре граѓаните ќе здивнат на температури под 30 степени целзиусови.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ќе предложи нови кадри за позициите на Алијанса

Дејан Дејан

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе