Традиционално во овој период магазинот Форбс ја објавува листата на спортски клубови кои имаат најголема проценета вредност. На листата доминираат тимовите во американските професионални спортови, а честа на Европа ја бранат три фудбалски клуба.
Петта година по ред на првото место е НФЛ тимот Далас Каубојс кој се проценува на 5,5 милијарди долари и неговата вредност во однос на минатата година е зголемена за за 10 проценти или 500 милиони.
На втората позиција е бејзбол тимот Њујорк Јенкис, кој исто така бележи расто од 10 отсто и вреди 5 милијарди долари. Големата тројка ја заокружува Њујорк Никс, кој и порај фактот што бележи лоши резултати во НБА лигата успеа од петтото да се искачи на третото место.
Меѓу најдобрите пет за оваа година се најдоа Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс кои успеаа да ги потиснат фудбалските великани од Шпанија, Реал Мадрид и Барселона.
Кралскиот клуб остана на сумата од 4,24 милијарди долари и во моментов е шести пред НФЛ тимот на Њу Ингланд Патриотс. Барселона во моментов е проценета на 4 милијарди долари и е на осмата позиција пред уште тим од Њујорк, станува збор за екипата што се натпреварува во НФЛ лигата додека највредните 10 ги заокружува Манчестер Јунајтед.
Од останатите тимови од Европа, минхенски Баерн е 24-ти со вредност од 3 три милијарди десет места подолу е вицепрвакот на Англија, Манчестер Сити.
Меѓу педесетте највредни клубови честа на Стариот континент ја бранат уште Челзи и Арсенал кои се наоѓаат на 37-то односно 47-то место.