Одложени се првите мечеви на почетокот од сезоната во Американската професионална бејзбол лига. Поради позитивни тестови на играчите вечерва нема да се играат два дуели.
Мајами потврди дека во екипата има осум играчи и двајца тренери кои се позитивни на Ковид 19 и поради нема се појават на теренот на мечот против Балтимор.
Вечерва нема да се игра ниту мечот меѓу Филаделфија и Њујорк, но се уште нема потврда дали некој од домашните играчи е позитивен бидејќи пред неколку дена играа против Мајами или натпреварот нема да се игра бидејќи целиот тим ќе мора да замине во изолација.