Вести Свет

Висока излезност на референдумите во сите четири региони, тврдат руските власти

Изборните комисии во четирите окупирани региони кои одржуваат референдуми за присоединување кон Русија објавија податоци за излезноста на четвртиот ден од нивното одржување. Според тоа, излезноста во Луганската народна република е 83,61 отсто, во Херсон 63,58 а во областа Запорожје, која само делумно е контролирана од руската армија, излезноста била  66,43 отсто. Во Доњецката народна република излезноста до вчера беше 77,12 отсто.

Референдумите во четирите области ќе завршат утре а очекувањата се дека руската Дума би можела да ја формализира анексијата на украинските региони во текот на наредните неколку дена.

Советникот за национална безбедност на претседателот Џо Бајден изјави дека САД никогаш нема да ги признаат руските претензии за украинските територии, истовремено заканувајќи се дека Русија ќе претрпи „катастрофални последици” ако употреби нуклеарно оружје против Украина.

Според неговите зборови, „САД ќе одговорат одлучно“ ако Русија ја премине таа „црвена линија“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе