Изборните комисии во четирите окупирани региони кои одржуваат референдуми за присоединување кон Русија објавија податоци за излезноста на четвртиот ден од нивното одржување. Според тоа, излезноста во Луганската народна република е 83,61 отсто, во Херсон 63,58 а во областа Запорожје, која само делумно е контролирана од руската армија, излезноста била 66,43 отсто. Во Доњецката народна република излезноста до вчера беше 77,12 отсто.
Референдумите во четирите области ќе завршат утре а очекувањата се дека руската Дума би можела да ја формализира анексијата на украинските региони во текот на наредните неколку дена.
Советникот за национална безбедност на претседателот Џо Бајден изјави дека САД никогаш нема да ги признаат руските претензии за украинските територии, истовремено заканувајќи се дека Русија ќе претрпи „катастрофални последици” ако употреби нуклеарно оружје против Украина.
Според неговите зборови, „САД ќе одговорат одлучно“ ако Русија ја премине таа „црвена линија“.