Вести Македонија Топ вести

Пред Судот за човекови права во моментов има 300 случaи против Македонија

Судот за човекови права нема ниту надлежност ниту моќ врз извршување на пресудите кои ги носи за земјите-членки, изјави денеска Роберт Спано, претседателот на Европскиот суд за човекови права, кој неспроведувањето на 16-те пресуди на Европскиот суд за човекови права од стран на Бугарија за непочитување на правата на Македонците таму, ја упати на адреса на комитетот министри на Советот на Европа.

„Секое понатамошно извршување на пресудата, дали со промена на на националните закони или со плаќање на штета од земјата се надгледува од Комитетот на министри. Судот нема моќ над извршување на пресудите или следење како се извршува пресудата“, рече Спано.

Спано притоа коментирајќи го неспроведувањето на 16-те пресуди од страна на Бугарија потсети на генералните принципи на Советот на Европа, со кои секоја земја-членка е обврзана да ги почитува пресудите на Судот и да ги исполнува доброволно и во духот на Конвенцијата која ја потпишала.

Спано денеска немаше прецизна информациија дали и колку од вкупно 300 тужби кои во моментов ги има против Македонија пред Судот за човекови правасе поднесени по основ на дискриминација од страна на државата по етничка, верска или расна основа.

За досието на земјава пред Судот пак во делот на правото на фер судење, за кое земјава има неколку осудителни пресуди, Спано со став дека еден од позитивните поместувања во македонското судство е реформата, особено во Врховниот суд и во Апелацискиот, да се ограничи најмногу што е можно траењето на судењето.

„Но како и за оваа земја и многу други земји од Советот на Европа ова е актуелен предизвик. Мојот генерален одговор би бил дека ова е процес кој гледам дека се третира многу сериозно на национално ниво во земјава“, изјави Спано.

За да се ограничи можноста за повторување на некои постапки и за да нема бескрајни повторувања на рочиштата и да има исход, министерот за правда, Бојан Маричиќ денеска информираше дека се правата измените во Законот за парничка постапка и дигиталзиацијата во судството.

„Но исто така каде што има зла намера на некој судија или на некоја од странските и постоојат механизми и имаме и такви случаи каде што некои судии биле разрешени заради намерно застарување на постапките и тоа е причина за оценка за непрофесионално и неструќно постапуање“, рече Маричиќ.

За намалување на тужбите против земјава пред Судот за човекови права, како што рече Маричиќ, земјава во септември го потпиша Протоколот 16 на Конвенцијата за заштита на човековите права, со кој се уредува можноста највисоките судови од земјава, да побараат од Европскиот суд да даде советодавни мислења во врска со толкувањето или примената на дефинираните права и слободи во Конвенцијата.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе