Вести Македонија Топ вести

Државниот буџет покрил 63% од трошоците за изборната кампања за 2024

Државниот завод за ревизија изврши целосна ревизија на финансирањето на парламентарната изборна кампања во 2024 година, која покажува дека 63% од вкупните приходи на учесниците (околу 244 милиони денари од 386 милиони) потекнуваат од државниот буџет и се користени за платено политичко рекламирање…

Најмногу средства прибрала коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ (37%), а најмалку независните и помалите партии… Расходите исто така се движат во слична пропорција… Ниту еден од учесниците не го надминал законскиот максимум за трошење (110 денари по избирач), а најблизу до горната граница била коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со искористени 72%… Сепак, не сите партии ја испочитувале обврската за транспарентност – три партии не доставиле целосни извештаи до ДЗР, а неколку учесници ги пропуштиле роковите за затворање на сметките и пријавување на завршните податоци…

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе