Вести Македонија Топ вести

КОД: „Пулс“ во Кочани – дивоградба претворена во кабаре без дозвола и заштита

Објектот во кој се наоѓаше познатото кабаре „Пулс“ во Кочани, од првично наменет за лесна индустрија, бил пренаменет во угостителски објект преку реконструкција изведена без градежна дозвола.

Како што открива емисијата КОД, адаптацијата е направена на диво, со користење на материјали кои не ги исполнуваат стандардите за противпожарна заштита, што дополнително го зголемува ризикот по безбедноста на посетителите.

Во вечерашната емисија се отвора и тема за сомнежи за лажно купување на пензиски стаж, каде што неколку случаи веќе се предмет на истрага од надлежните институции. Се разгледува и прашањето колку системот дозволува вакви злоупотреби и какви последици имаат тие врз пензискиот фонд и правата на граѓаните.

Дополнително, КОД алармира за институционален ризик – Народниот правобранител, клучната институција за заштита на човековите права во земјата, се соочува со сериозна криза.

Емисијата е веднаш по вечерните вести на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе