За три дена, на девети јули, му истeкува мандатот во судски на Mилјазим Мустафа а од Вила водно нема информација дали претседателката Гордана Сиљановска Давкова до сега доставила предлог до Собранието. На прашањата на Телма испратени во петокот претпладне до подготувањето на овој прилог, одговор не добивме.
Мустафа беше избран во Собранието 9 јули 2019 та на предлог на претходниот претседател Пендаровски.
Согласно реформската агенда местото на Мустафа треба да се пополни со член избран според новиот закон за судски совет но законот се уште не е изгласан во собранието иако како рок беше кон крајот на јуни.
Според информациите од правда Предлог-законот за Судскиот совет е во владина процедура. Од министерството информираа и дека го добиле мислењето од Венецијанската комисија кое го опишуваат како конструктивен и содржаен документ што содржи јасни насоки и препораки.
Од правда потенцираат дека со прелдлог законот ce прецизирани условите за кандидатите за членови на Судски кои ги бира Собранието, oсобено во однос на појаснување на поимот „истакнат правник“ којшто треба да биде
-дипломиран правник со најмалку 15 години работно искуство во правната професија по положен правосуден испит или универзитетски професор по право со најмалку седум години работно искуство во наставно-научно звање
-да се истакнал со научна или професионална работа за прашања од областа на правосудството, да се истакнал со свое јавно делување во заштита на владеењето на правото, независноста на судството и човековите права
– да ужива углед и да поседува интегритет за вршење на функцијата член на Совет за што приложува најмалку три препораки и други услови за кои што сметавме дека се важни во нашите заложби за избор на лица со искуство и знаење, велат од Правда.
Дали претседатлеката ќе се води по овие поостри критериуми и без донесен закон ќе се знае откако ќе биде обелоденет нејзиниот предлог. Но дека размислувала на темата веќе подолго време потврдува информацијата што ја соопшти во Топ Тема професорот Гордан Калајџиев
Дали местото на Мустафа во Судкси може да стои празно додека не помине новиот закон во собранието или сепак ќе се бира нов член според стариот за сега нема официјална информација.
Според верзијаста на прелдог зкаонот објавен на ЕНЕР претседателот на државаѕа треба да му предложи на Собранието најмалку двајца кандидати за едно испразнето место со што собрнаието би имало можност да бира .
Следни на кои им истекува мандатот во судкси совет се Весна Дамева и Селим Адеми во декември.
Елена Ивановска Мукоска