Во неколку градови низ Бугарија, вклучувајќи ја главната престолнина Софија, вчера се одржаа масовни протести против плановите за воведување на еврото како официјална валута.
Демонстрантите побараа зачувување на националната валута – левот, организирање на референдум за еврозоната, како и оставка од Владата.
Протестни собири се одржаа и во други поголеми градови како Варна, Велико Трново, Плевен, Русе, Хасково и Јамбол.
Според учесниците, воведувањето на еврото ќе има негативни економски последици и ќе доведе до зголемување на трошоците за живот, без соодветни гаранции за заштита на граѓанскиот стандард.
Организаторите најавија нови протести за 8 јули – денот кога се очекува да се донесе конечната одлука за пристапување на Бугарија кон еврозоната од јануари 2026 година.
Општествената поделеност околу ова прашање продолжува да биде еден од најгорливите политички и економски предизвици во земјата.