Вести Македонија Топ вести

Совесноста на луѓето најголемата превенција од пожари во шумите и планините

Во рамки на Националниот парк Шар Планина и покрај целосната забрана за движење низ шуми како превенција од пожари, овозможено е луѓето да доаѓаат со претходна најава преку интернет.

Минатата година националниот парк не воведе забрана за движење, а постоеше истата обврска за пријавување на престојот. Од Националниот парк сметаат дека е возможно да се спречат пожари со одговорно однесување на луѓето.

Благодарение на одговорното однесување на посетителите, минатата година во текот на летниот период, кога беше најтешко и кога низ цела држава имавме пожари на отворен простор за среќа во Националниот парк Шар Планина немавме ниту еден посериозен пожар, иако ги имавме во пролетниот период кога исто така имаме период со високи температури и суво време, порача Милорад Андријески, НП Национален Парк Шар Планина.

Годинешното одобрување за движење се добива на и-мејл, а од Паркот се надеваат дека совесноста кај луѓето ќе биде на високо ниво и ќе се превенираат шумските пожари.

Престојот во планина е добар за здравјето на луѓето, но и секој човек треба одговорно да се однесува кон шумите, порачуваат од Националниот парк.

Нас ни се потребни луѓето на планина, меѓутоа, сепак мора да апелираме да се однесуваат одговорно. Палењето на оган на териториите на паркот не е дозволено, скара и такви активности не се дозволени. Исто така, при престој во планина треба да внимаваат отпадоците да не ги фрлаат на разни места, туку се што ќе испадне како непотребен продукт, да го спакуваат во своите ранци во своите торби и да го одложат во затоа предвидени места во урбани средини, додава Андријески.

Големите пожари на отворено и во други подрачја,покрај шумите поради несовесни постапки се најголемите предизвици за пожарникарите. Од таму со апел да се внимава и да не се палат огнови во овие топли денови.

Земјоделците палат ги чистат нивните ниви и после палат. Ама да се пази тоа место ако се пали или да се викнат пожарникарите да бидат поблиску до нив дур се пали такво нешто. Да се пазиме за дрвата и сите што можат да ни горат, вели Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.

Минатата година низ целата државата имаше стотици пожари, а изгореа над десетици илјади  хектари површина.

Aлександар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе