Вести Свет

Бројот на жртви од масакрот во Грац се искачи на 10

Со едноминутно молчење ожалостени жители и претставници на локалната власт оддадоа почит за жртвите во масакрот во средното училиште во Грац  каде што поранешен ученик отвори оган убивајќи 10 лица и ранувајќи 12 други пред да си го одземе животот.

Засега нема непосредни информации за мотивот на 21-годишниот маж, кој немал претходно полициско досие. Тој користел две оружја, за кои се верува дека ги поседувал легално.

Истражителите пронашле проштално писмо и нефункционална бомба кога го претресле неговиот дом, но за сега нема информации за тоа каква порака оставил убиецот. 21-годишниот Австриец живеел во близина на Грац и бил поранешен ученик во средното училиште каде не успеал да ги завршил студиите.

Полицијата не ги образложи наодите на истражителите, а на прашањето дали напаѓачот ги нападнал жртвите случајно или ги бирал жртвите конкретно, соопштија дека тоа е исто така под истрага и не сакаат да шпекулираат. Соопштија и дека ранетите лица биле пронајдени на различни нивоа од училиштето, а една од жртвите пред училишната зграда.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Грузија продолжуваат апсењата на водечки опозициски фигури

Дејан Дејан

Русија репатрира на Украина тела на 1.200 загинати војници

Дејан Дејан

Независните кандидати повторно извисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе