Завршни зборови на обвинителството во судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека одлуката за презакажување е донесена по барање на надлежниот јавен обвинител, поради обемноста на предметот, изведените докази и потребата за соодветна подготовка на завршните излагања.
На последното рочиште беше завршена доказната постапка, при што беа изведени дополнителни докази од страна на одбраната на обвинетите. Според обвинението, Палевски и останатите четворица обвинети – Видевски, Манев, Кешишов и таткото на Вања, Ѓорчевски – заеднички испланирале киднапирање на девојчето со цел изнудување пари од нејзиното семејство.
Панче Жежовски, кој бил киднапиран во Велес, бил принуден да го даде своето возило „цитроен“, кое потоа било искористено во киднапирањето на Вања. Двете жртви беа пријавени како исчезнати во ноември 2023 година, а нивните тела беа пронајдeни на 3 декември, во близина на Скопје и Велес.