Вести Свет Топ вести

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Започна со цивилизирани критики, но брзо прерасна во лута расправа на социјалните мрежи. Љубовта, во наводници, меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и најбогатиот човек на светот, Илон Маск, не го издржа темпото со кое се движеше оваа врска и изгоре како голем дел од ракетите на СпејсЕкс.

Видете, отсекогаш ми се допаѓал Илон и затоа бев многу изненаден. Видовте што кажа за мене, тоа кажува за него. Не кажа ништо лошо за мене, но би претпочитал да ме критикуваше мене а не законот, бидејќи законот е неверојатен, изјави вчера американскиот претседател, само неколку часа пред да започне „пресметката“ на социјалните мрежи.

Интересно е што освен на дуото во прашање, на целиот останат свет уште од првиот ден му беше јасно дека оваа врска може да заврши само на еден начин.

Мислам дека беше очекувано, предвидено беше бидејќи овие двајца не се создадени да се согласуваат. Тоа само ни потврдува дека политиката и личните интереси не одат секогаш рака под рака, рече францускиот министер за надворешни работи, Жан Ное Бардо.

Прво Маск жестоко го критикуваше новиот предлог буџет на Белата куќа, кој предвидува значително покачување на прагот на задолжување. Трамп одговори дека основачот на Тесла е лут затоа што во него се укинати субвенциите и даночните олеснувања за електрични возила.

Разочаран сум затоа што Илон ги знаеше деталите за овој предлог подобро од речиси сите овде, подобро и од вас. Знаеше сѐ за него, немаше никаков проблем. Но одеднаш се појави проблем, а се проблемот се појави откако тој дозна дека ќе мораме да ги скратиме субвенциите за електрични возила, затоа што тоа се милијарди и милијарди долари, изјави вчера трамп.

Расправата брзо ексалираше откако Маск порача дека Трамп и републиканците немало да победат без негова поддршка, на што претседателот се закани дека ќе ги укине сите договори на неговите компании со американската влада.

Потоа беше ред на милијардерот да се закани со повлекување на капсулата Драгон од мисиите на НАСА, и за крај, ги повтори тврдењата на приврзаниците на теориите за заговор, дека случајот со бизнисменот Џефри Епстин, обвинет за злоставување малолетнички, никогаш не бил решен затоа што во него бил вмешан и Трамп.

Пред крајот и двајцата се обидоа да ја смират ситуацијата, но кавгата резултираше со 14 процентен пад на акциите на Тесла.

Што се однесува до предлог буџетот на Трамп, Конгресната канцеларија за буџет проценува дека доколку биде усвоен, јавниот долг ќе се зголеми за 2,4 трилиони долари во следните 10 години, а околу 11 милиони Американци ќе останат без здравствено осигурување.

Белата куќа не се согласува, од таму сметаат дека во тие пресметки не се вклучени приходите кои се слеваат од новите високи царини.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе