Вести Македонија Топ вести

(видео)Ноќна „битка со отпад“ меѓу Арсовска и Ганиу пред Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска доцна синоќа пристигна пред Град Скопје каде претходно градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и група граѓани фрлија отпад.

Тие отпадот претходно го собрале од старата скопска чаршија.

Според чаирскиот градоначалник Ганиу ова го направиле во знак на протест бидејќи службите на Град Скопје не го собираат отпадот, иако жителите на Чаир се даночни обврзници.

  • „Чаир заслужува да биде чиста општина“, рече Ганиу и додека дека ова е екоцид. Народот е затрупан во отпад. Ние нема да молчиме, ќе има реакција и ќе има одговор“, порача тој.

Но, кога Арсовска ноќта пристигна пред Град Скопје тој веќе си беше заминат. Таа рече дека нелегално возило кое се задржало само три минути го истурило отпадот што според неа содржел цигли од дивоградбите во Чаир.

На местото интервенираше и полицијата за да спречи евентуална ескалација. Инцидентот доаѓа во период на зголемени тензии меѓу градската администрација и дел од општините, непосредно пред локалните избори.

Пиши бриши: Чаир го поништил решението додека Арсовска во живо на ФБ обвинуваше дека документот е фалсификат

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе