Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, остварил телефонски разговор со американскиот сенатор Марко Рубио за подготовка на конкретни предлози за следната рунда директни преговори меѓу Русија и Украина.
Средбата беше фокусирана на унапредување на дипломатските напори за мирно решавање на конфликтот, како и на спроведувањето на договорите што беа постигнати помеѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп за време на нивниот телефонски разговор пред една недела, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Меѓувреме, украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров потврди дека Киев ја доставил својата верзија на мировниот меморандум до руската делегација и јавно ја повика Москва да ја сподели својата верзија без одложување.
Умеров истакна дека Украина е подготвена за понатамошни средби и преговори, со цел да се осигура дека разговорите нема да бидат залудни, туку навистина ќе придонесат за завршување на војната.
Русија предложи следната средба да се одржи во Истанбул на 2 јуни, давајќи им на двете страни уште најмалку четири дена за размена и анализа на предлозите.