Вести Македонија

Ваљбона Адили Емини од „Вреди“ е нова пратеничка во Собранието по оставката на Салим Сулејмани

Државната изборна комисија (ДИК) ќе испрати известување до Собранието да го верификува мандатот на пратеничката Ваљбона Адили Емини, на местото на пратеникот Салим Сулејмани од коалицијата „Вреди“.

На денешната седница ДИК констатираше дека Адили Емини го прифаќа мандатот за што ѝ се издава писмено уверение по оставката на Сулејмани.

Претходно денеска Собранието пред почетокот на 52-та седница констираше дека престанува пратеничкиот мандат на Салим Сулејмани, кој на 18-ти месецов поднесе оставка од сите функции во Алијанса за Албанците, како и од функцијата пратеник во Собранието, повикувајќи се на морална, професионална и политичка одговорност, а со неговата оставката „Вреди“ добива нов пратеник.

Во јавна изјава Сулејмани го критикуваше доближувањето до ДУИ и го оцени како „недостоен компромис“.

„Не можам да бидам дел од сојуз што прави компромиси со луѓе спомнати на меѓународни црни листи“, посочи Сулејмани.

Објасни дека неговиот влез во политиката бил мотивиран од желбата за вистинска промена, а не од лични амбиции. Посочи дека ДУИ е „структура поврзана со клановски и лични интереси“ и додаде дека коалицијата ВРЕДИ ја сметал за „антипод на коруптивната матрица“.

„Приближувањето на Алијанса за Албанците до ДУИ е предавство на ветеното и кршење на принципите“, потенцираше Сулејмани во оставката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се бараат итни измени во Изборниот законик за независните кандидати

Дејан Дејан

Институт за демократија: При зелената транзиција главен проблем останува јагленот

Дејан Дејан

СДСМ лобира кај сестринските европски партии да биде изгласан Извештајот за Македонија во Eвропскиот Парламент

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе