Вести Македонија Топ вести

Фадил Цана: Стабилна е состојбата на пациентот со мајмунски сипаници

Стабилна е здравствената состојба на пациентот со мајмунски сипаници кој во моментов е хоспитализиран на Инфективната клиника. За вториот случај кај кого беа потврдени мајмунски сипаници за сега не можеме да кажеме ништо, затоа што до овој момент тој не ја посетил амбулантата на нашата клиника, вели д-р Фадил Цана.

Доколку имаме предвид дека двајцата мажи кај кои беа потврдени мајмунските сипаници, се изјасниле дека не патувале надвор од земјава и не се познаваат меѓусебно, кај дел од населението се отвори сомнеж за тоа колку се распространети мајмунските сипаници кај нас.

Во моментов нема простор за паника и треба да се разгледаат сите аспекти, велат од Инфективна клиника.

Двајцата потврдени случаи само лабораториски имаат оскудна епидемиолошка анкета и не може со 100% сигурност да се тврди дека не патувале или немале контакт со некој што патувал или бил претходно, затоа што со едниот воопшто нема комуникација, другиот дава различни верзии. Не може со сигурност да се каже дека е автохтон случај, изјави директорот на инфективна, д-р фадил цана.  

Дополнително се следи состојбата на лицата кои биле во близок контакт со заболените и доколку тие пројават симптоми ќе бидат тестирани во Институтот за јавно здравје. Листата на контакти е доставена до Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Институтот ја следи нивната состојба.

Во моментов нема појава на симптоми кај ниту еден од контактите и тие се во добра здравствена состојба, вели доктор Кочински.

Ситуацијата е под контрола, останува низок ризикот за ширење на заболувањето меѓу населението во Македонија. Институтот за јавно здравје отвора две нови телефонски линии за информации за граѓаните за мајмунски сипаници и консултации со здравствените работници. Изготвивме краток водич за здравствените работници за патека на движење на сомнителни и нема простор за паника, вели раководителот на одделот за епидемиологија на заразни болести, д-р драган кочински.

Во меѓувреме Комисијата за заразни болести со апел до граѓаните да ги почитуваат хигиенските мерки за лична заштита од заразни заболувања, а во случај на евентуална појава на симптоми на ова заболување да се јават кај својот матичен лекар.

До матичните лекари дистрибуирана е  информација за разработената патека за преглед, за тестирање и згрижување на евентуалните пациенти.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Молкот нема да трае долго како вашето судење, порачаа роднините од седмиот „Марш за Агнелите“

Дејан Дејан

Во Кочани нов марш на семејствата на настраданите во пожарот

Дејан Дејан

Интервју со Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе