Вести Македонија

Овчи сипаници најчесто акутно заразно заболување во март

Во текот на месец март, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 309 пријавени лицa.

Во однос на претходниот месец февруари, се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 15,6 отсто, додека во однос на месец март 2024, се регистрира намалување за 62,5 проценти, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравјe.

Во месец март, пријавени се 195 случаи на заболени од групата на цревни заболувања.

Од нив, најголем број и инциденца се пријавите на ентероколити.

Пријавени се 10 случаи на салмонелози, осум случаи на бактериски алиментарни инфекции и интоксикации.

Од останати акутни заразни заболувања, во март се регистрирани 58 случаи. Од нив, 54 се случаи на шуга, три случаи на бактериски менингит и еден вирусен менингоенцефалитис.

Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции – без ХИВ/СИДА, регистрирани се 11 заболени лица – пријавени се четири случаи на вирусен хепатитис Б, три случаи на сифилис, два случаи на инфекција со хламидија и по еден случај на хепатитис Ц и гонореја.

ИЈЗ регистрирала и четири случаи на Ковид-19, два во Скопје и по еден од Охрид и Тетово.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонската дипломатија полека се празни од амбасадори

Дејан Дејан

Велигденското послание на Архиепископот г.г. Стефан во знак на трагедијата во Кочани

Дејан Дејан

Опаѓа бројот на ученици, расте бројот на наставници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе