Секој судија и секој обвинител што кренал глас против начинот на работење на оваа држава и третманот на судиие од извршната власт и од органите – Судски совет, Јавно-обвинителски совет, го снемува, буквално, од радарот на судството, рече адвокатот Валентин Зафиров во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Јас сум единствен судија кој рекол „не чини судството, под капата на извршната власт е“ во 2008 година. За четири часа стигна телеграма во велешкиот суд дека ми поведуваат постапка за разрешување. Ленче Ристовска исто рече, ја снема, нема напредок. Стравот на судиите не е само за буџетот. Платите на судиите и обвинителите беа замрзнати 10 години“, истакна Зафиров.