Актуелниот хрватски претседател Зоран Милановиќ освои нов мандат. Со над 70 отсто добиени гласови во вториот круг на претседателските избори, го победи неговиот противкандидат Драган Приморац кој доби 25 отсто.
Ова е катастрофален пораз за владеачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) на премиерот Андреј Пленковиќ која пред само девет месеци победи на парламентарните избори.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.