Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Силјановска Давкова: Потребен е модерен закон за поголеми помилувања

Gordana Siljanovska Davkova

На Македонија ѝ е потребен нов модерен Закон за помилување, затоа што сегашниот, после неколкуте одлуки на Уставниот суд, и не е закон во вистинска смисла на зборот. Претседателката Гордана Силјановска Давкова се залага законот да овозможи поголеми помилувања, а не скратување на затворските казни од по само неколку месеци. И луѓето коишто згрешиле и завршиле од затвор остануваат луѓе, и во зависност од тоа колку се ресоцијализирале, треба да им се даде шанса за нов живот.

По повод новогодишните празници, претседателката помилува седуммина осуденици. Шестмина добиле скратување на затворот за по три месеци, а на еден му ги скратиле последните три месеци и четири дена, со што излегува од затвор.

Контроверзии во јавноста предизвика претходното помилување осуденици од страна на претседателката Силјановска Давкова од октомври. Тогаш беа помилувани Акиф Равманоски, осомничен припадник на нарко-кланот Барон, арачиновецот Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки Версаче, поврзан со истиот криминален клан, поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески, и екс разузнавачот Марјан Ефремов кој беше осуден во случајот „Шпион“. По контроверзиите во јавноста, Комисијата за помилување поднесе оставка, по што беше именувана нова.

„Ниту Министерството за правда, ниту Комисијата за помилување можат или смеат да играат улога на истражни органи, да се јавуваат во АНБ, да се јавуваат во Агенцијата за разузнавање за да ги проверуваат луѓето. Не. Тоа е работа на судот. Значи, судијата го креира профилот или ако сакате досието што доаѓа кај нас. Само судот може да ги проверува фактите и доказите, не ние. Значи, што е најважно за мене? – Кој и како ја прави селекцијата во затворите, кога ќе побараат или самите затвореници или нивните најблиски намалување на казната и кој го ниже досието. Ако внатре ги немате сите потребни елементи, тогаш ниту правда, ниту ние можеме да имаме вистинска претстава за луѓето“, изјави претседателката, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на штипската касарна.

Затворениците прво треба да побараат помилување, па барањата ги разгледува комисија во Министерството за правда, па од таму оди во Комисијата за помилување што ја формира претседателката, која дава препораки за помилување, но конечната одлука ја носи претседателката која може, но не мора да ги прифати препораките.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Три автобуси и едно комбе рано утринава беа во пламен на плац на транспортна фирма во кочанската населба Оризари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе