Вести Свет Топ вести

Песков: Указот на Путин за промена на нуклеарната доктрина може да се смета за сигнал до Западот, ништо не е случајно

Секој пат кога САД продолжуваат да преземаат непромислени чекори, зголемувајќи ги тензиите околу украинскиот конфликт, Русија мора да одговори на таквата ескалација со мерки без преседан, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за телевизијата Русија 24.

Указот на рускиот претседател за промена на руската нуклеарна доктрина може да се смета за сигнал до Западот. Се разбира, ништо не е случајно. Претседателот Путин даде инструкции да се подготват промени со цел да се прилагоди нашата доктрина на условите на сегашната конфронтација, која ја предизвикуваат западните земји. Путин мора да одговори на невидената ескалација, која првенствено е предизвикана од администрацијата во Вашингтон во заминување, објасни Песков.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за одобрување на ажурираната нуклеарна доктрина – Основи на геополитиката на полето на нуклеарно ограничување.

Потпишувањето на декретот уследи два дена откако бројни медиуми објавија дека САД му дозволиле на Киев со западно оружје да изврши напади длабоко на руска територија.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Метју Милер претходно изјави дека ниту САД ниту НАТО не претставуваат никаква закана за Русија, коментирајќи ги промените во нејзината нуклеарна доктрина, пренесува Спутник. Во исто време, портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг, на прашањето за промените во политиката за нуклеарно оружје на Москва, посочи дека Америка не војува против Русија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе