Вести Свет Топ вести

Ројтерс: Премиерот на Бангладеш Шеик Хасина Вазед поднесе оставка, ја напушти земјата

Премиерот на Бангладеш Шеик Хасина Вазед денеска поднесе оставка и замина за Индија со воен авион, пренесува Ројтерс.

Во меѓувреме, илјадници луѓе влегоа во официјалната резиденција на премиерот на Бангладеш, каде што загинаа 300 луѓе во антивладините протести кои започнаа на 19 јули, јавува CNN News.

Хасина поднесе оставка, а индискиот дневен весник „Протом Ало“ објави дека таа одлетала во Индија со воен хеликоптер додека демонстрантите масовно се собирале во нејзината резиденција.

Меѓувреме началникот на армијата на Бангладеш Вакер-Уз-Заман денеска објави дека ќе „формира привремена влада“ откако премиерката поднесе оставка и побегна од главниот град поради огромните протести.

„Ја преземам целосната одговорност“, рече генералот иако не беше веднаш јасно дали тој ќе застане на чело на преодна влада.

„Ќе формираме привремена влада“, рече Вакер во обраќање до нацијата преку државната телевизија, додавајќи дека Хасина поднела оставка.

„Земјата претрпе многу, економијата е погодена, многу луѓе се убиени, време е да се запре насилството“, додаде тој.

„Се надевам дека по мојот говор ситуацијата ќе се подобри“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бензините поевтинуваат за денар и половина, дизелот поскапува за половина денар

Дејан Дејан

Изгоре човек во пожар кај Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе