Вести Свет Топ вести

(Видео) „Дами и господа, претседателот Путин“ – Бајден со нов гаф, најавувајќи го Зеленски како рускиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден на самитот на НАТО со нов гаф, најавувајќи го неговиот украински колега, Володимир Зеленски како Путин.

„Сега сакам да му дадам збор на претседателот на Украина, кој има храброст колку и одлучност. Дами и господа, претседателот Путин“, рече Бајден и се помести пред говорницата, правејќи му место на Зеленски.

По изговореното следуваше кратка тишина, а Зеленски не се помрдна и не знаеше како да реагира, бидејќи не очекуваше таков гаф.

По интервенција на еден од советниците, Бајден веднаш се корегираше.

„Ќе го победиме претседателот Путин. Претседателот Зеленски. Толку сум фокусиран на тоа да го победам Путин“, се „вадеше“ Бајден пред присутните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе