Вести Македонија Топ вести

„Пошта“ со стар „лихварски“ кредит, „Железница“ со нов директор

„Пошта“ има земено кредит од банка кој, според министерот за транспорт и врски Александар Николоски, е лихварски и тој најави дека ќе почне репреговарање на конкретниот кредит. Од друга страна АД Железница-транспорт е во големи долгови и има позајмици од МЕПСО, соопшти министерот.

Во врска со трите претпријатија кои се во негова надлежност, „Пошти“ и двете железнички – „Транспорт“ и „Инфраструктура“, Николоски најавува анализа на состојбата и помош од буџетот за да се најде решение за проблемите во кои се овие претпријатија и кои постојано се задолжуваат.

„Од една страна, вработените треба да добиваат плата, од друга страна, претпријатијата мора да бидат продуктивни и во таа состојба треба да се најде решение“, изјави министерот Николоски.

Во „Пошти“, „Железници инраструктура“ и „Железници транспорт“ работат околу 4.400 луѓе. Претпријатијата се во тешка состојба. Истовремено, денеска е објавено дека за нов директор на „Железница инфраструктура“ е избран Синиша Ивановски и поставен е нов управен одбор.

Ивановски е кадар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на скопското Јавно претпријатие „Улици и патишта“ во мандатот на Коце Трајановски. „Железница инфраструктура“ во моментот работи на проектот за изградба на пругата кон Бугарија во рамки на Коридорот 8. Пругата кон Бугарија се гради од 90-тите години на минатиот век, а за реализација се користат и странски кредити и други европски инструменти за финансиска помош.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе