Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд, кој се очекува да падне за краток временски интервал, грмежи, силен ветар и појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветар и појава на град. Максималната температура ќе достигне до 32 степена.
Според прогнозите на синоптичарите, до петок ќе се задржи променливо облачно, нестабилно и малку посвежо време со пороен дожд и грмежи. За време на викендот, времето ќе биде стабилно и потопло, а од понеделник кон крајот на денот повторно се очекува локален пороен дожд и грмежи.