Меѓународните договори се двонасочна улица. Вака гласи одговоро на премиерот Христијан Мицкоски на забелешката на Бојко Борисов, лидерот на ГЕРБ, партијата која победи на изборите во Бугарија, дека договорите, особено меѓународните и вклучени во преговарачката рамка на ЕУ, треба да се почитуваат.
Борисов предупредување до новите власти во земјава ги испарти како одговор на изјавата на македонскиот премиер дека преговарачката рамка може да се смени ако се има желба за тоа.
Сакам специјално да кажам за колегата Мицкоски, од Македонија, Северна. Договорите кои се постигнати, особено меѓународните, особено вклучените во преговарачката рамка на ЕУ, се исполнуваат. Кога станува збор за договорите, ние сме сестринска партија, иако јас не го сакам многу зборот „сестра“, на тој начин и Мицотакис, премиерот на Грција е „сестра“. И кога така наеднаш ќе се скараш со двете сестри, иако реков дека не ми се допаѓа, но пак „бараќа“ е многу силно, не те очекува ништо добро. Без поддршката од Бугарија и од Грција нема никаква шанса да се движат напред, изјави Борисов.
Мицкоски на ова му возврати дека му посакува на Борисов тој да ја формира владата во Бугарија и потоа да седнат и да разговараат за почитување на договорите, но само ако тоа подразбира взаемно почитуваат на двете страни.
Јас сум за тоа да се почитуваат договорите тоа е двонасочна улица. И ние сме подготвени и во Брисел и во Софија, и секаде што тие ќе кажат, да седнеме и да разговараме на основа на аргументи и врз основа на факти и да зборуваме за иднината, изјави Мицкоски.
Освен Борисов и бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска со порака до новата влада во Македонија дека маските конечно паднале.
Денес маските конечно паднаа. Новата влада кај нашиот сосед јасно покажува дека најголемиот страв на политичката елита во таа земја е да го признае самото постоење на зборовите „Бугарин“ и „бугарско“ во Република Северна Македонија. И тоа е политика насочена директно кон европските принципи и решенија донесени со консензус од сите земји-членки, изјави Радев.
Притоа Радев побара од бугарската влада и од европските институции брзи и конкретни мерки за опстојување на европските принципи во процесот на проширување.
Мицкоски на тврдењето на Радев за стравот од признавање на Бугарите одговори дека тоа не е точно.
Дали Мицкоски признава дека има бугарско малцинство во Македонија или граѓани кои за себе велат дека се дел од бугарската заедница во Македонија, можам да кажам дека јас тоа напати сум го кажал и повторил, дека, да, ние како држава уште од раните 40 години од минатиот век признаваме малцинства меѓу кои и бугарското малцинстово. Не го оспоруваме правото на нашите сограѓани коишто се чуствуваат како Бугари да се декларираат како такви. Тоа е факт, изјави Мицкоски.
Мицкоски притоа потсети на правата на Македонците во Бугариј, кои и покрај 14 пресуди од Меѓународниот суд на правдата се уште не можат да го регистрираат своето здружение.
Тамара Грнчароска