Вести Македонија Топ вести

Костадиновска Стојчевска во „Топ тема“: Седум години ние бевме предавници, вие патриоти, за некој да даде заклетва со Северна Македонија

Се согласувам дека повеќе не треба да има поделби, но да ве потсетам дека седум години ние бевме предавниците, ние бевме лошите, ние бевме тие што го направија тоа со името, ние бевме тие со Преспанскиот договор, ние бевме тие со Преговарачката рамка, вие бевте патриоти, реплицираше Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничка на СДСМ, на Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната „Топ тема“.

„Сега е малку неблагодарно да зборуваме, јас еве за друго денеска ја донесов програмата, јас прво на ова вчера се осврнав. Овде има само неколку пати Северна Македонија. Ова е предлог програма за состав на Влада на Република Северна Македонија и програма за работа на владата. Прво сакам да расчистам едно многу важно прашање. Преспанскиот договор на никој не му беше мил. Промената на името никој не ја прифати со отворени раце, со драго срце, меѓутоа ние пред да дојдеме до тој момент, слушавме, гледавме како се преговарало – Долна, Горна, Вардарска, итн. За некој вчера многу драго даде заклетва со Северна Македонија“, рече Костадиновса Стојчевска.

Таа додаде дека „свесни бевме за се што ќе се случи ако премиерот, министрите и претседателката на државата не го употребуваат уставното име“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе