Вести Македонија Топ вести

Почина поранешниот пратеник Миле Андонов

Во 62. година од животот денеска во Кочани почина поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Миле Андонов.

Неофицијално смртта настапила по пад од покривната конструкција на неговата викендица на планината Осогово.

Од МВР потврдуваат декаа ваква несреќа се случила во Кочани но за сега нема детали дали станува збор за истиот случај.

Андонов во три мандати, во периодот од 2008 до 2016 година, беше дел од пратеничката група на СДСМ.

Членуваше во Буџетскиот совет на Собранието, а се беше и во составот на комисиите за економски прашања и за финансирање и буџет.

Исто така, беше дел од собраниските пратенички групи за соработка со парламентите на Белгија, Чешка и Шпанија.

Како дипломиран економист, Андонов повеќе години водеше приватен бизнис во областа на текстилната индустрија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одмазнички напади на Иран врз Израел, повредени најмалку пет лица

Дејан Дејан

Праксата покажа дека најдобро е и за повредените и за семејствата сите следни фази од лекувањето да се одвиваат во Кочани, вели директорот на ФЗОМ

Дејан Дејан

Федерален суд го блокира обидот на Трамп за промена на изборното законодавство во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе