Вести Македонија Топ вести

Физичка пресметка во Карпош, продолжила и на Ургентен- приведени десетмина

Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во 22.30 часот на подрачјето на Карпош, поради нарушени меѓусоседски односи, настанала физичка пресметка помеѓу Ф.Ј.(22), Б.Ј.(39) и тројца малолетници од една страна и Е.Г.(52), Г.Г.(23) и Х.Т.(29) од друга страна, сите од Скопје, при што биле употребени тврди и метални предмети. 

Подоцна било пријавено дека околу 01.55 часот во Ургентниот центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека Д.Ј.(52) со роднините С.Ј.(25) и И.Д.(38) чекал резултати за неговиот повреден син во претходната пресметка, биле физички нападнати од Е.Г.(52), Б.С.(43), А.С.(48), Б.С.(44) и И.Г.(36), при што употребиле метални и тврди предмети.

Набргу, по преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Центар ги лишиле од слобода Е.Г., Б.С., А.С., Б.С. и И.Г..

Додека, во Полициската станица Карпош биле приведени Ф.Ј. и Б.Ј. и тројцата малолетници. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пописен геноцид врз Македонците во Албанија, бројките се манипулативни и нелегитимни – МАЕИ обвинува за груб фалсификат

Дејан Дејан

Петровска се откажа од трката за лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Татко ги силувал трите ќерки, мајката ги убедувала да не пријават оти е срамота

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе