Според информациите на Телма, строгата поделеност во два табори за избор на претседател ја предизвикала точката за усвојување на измените на деловникот одржана овој понеделник.
Еден од судиите го покренал прашањето за употребата на јазиците. На тоа уставната судијка Тања Бозаџиева Васиќ, сегашен кандидат за претседател предложила на таа седница во понеделник да се изгласа деловникот, а на седницата која треба да се одржи наредната седмица односно по изборот на нов претседател да се отворат сите спорни прашња.
Со тој предлог-требало да се отвори дискусија за деловникот кој е веќе усогласен и усвоен. При таа расправа требало да се дебатира и за вметнување на нова позиција во рамките на Уставниот суд односно да се воведе и функција заменик претседател на судот.
Поради овој начин на “договарање” за брза расправа на веќе утврдено и изгласано решение, се појавиле два табора. Едниот бил за предлогот на Бозаџиска, за брзо реотворање на Деловникот и ја поддржале нејзината кандидатура. Втората група судии била против нова расправа за деловникот и застанале зад кандидатурата на Ана Павловска Данева.
Двете групи, според сознанијата на Телма имале по 4 судии, а деветиот уставен судија потоа се приклучил на групата која ја поддржува Васиќ Бозаџиева.
Деловникот за работа на Уставниот суд беше дел од програмата на досегашната претседателка Добрила Кацарска, а беше донесен во понделникот и со него се усовршува и подобрува функционирањето на работа на Судот.