Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вчера порача дека очекува новиот премиер на Македонија јасно да каже дека го почитува Договорот од Преспа, дека името на неговата земја е Северна Македонија и дека ќе го користи внатре и надвор од неговата земја.
Мицотакис во интервју за телевизијата „Стар“ посочил дека Атина се залага за добри односи, но дека е неопходно да се почитува Договорот од Преспа.
Видов некои изјави на претседателката на Северна Македонија и мислам дека отстапи од нејзините првични изјави.
Се стремиме кон добри односи со Северна Македонија, но многупати сме кажале дека добрите односи минуваат преку почитување на суштината на договорот што го потпишаа двете земји, истакнал Мицотакис.
Тој повторил дека Договорот има многу проблеми поврзани со, како што наведе, признавањето на македонскиот јазик и етничка припадност.