Вести Македонија Топ вести

Каевски и Мојсовски ги отфрлија обвинувањата за злоупотреба на спортски ваучери, велат тие се политички мотивирани

Откако актуелниот и претходниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски и Дарко Каевски се најдоа на тапет кај обвинителството за злоупотреби со спортските ваучери, тие експресно ги отфрлија обвинувањата како политички мотивирани. Мојсоски и Каевски се обвинети за злоупотреба на службена положба. Се гони уште едно познато име  во спортот, актуелниот претседател на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски, за несовесно работење за време на неговата функција како претседател на Централната комисија за доделување на ваучерите.

Тие и уште 9 лица се обвинети дека ја оштетиле државата при распределба на парите наменети за федерациите, клубовите и спортистите кои добиваа ваучери, а одредена фирма се согласува да го реализира под услов дел од парите да ги добие назад преку даночно ослободување.

Ги сметам за тенденциозни „мистериозно“ протечените информации во јавноста, очигледен е и тајмингот и намерата. Очекувам транспарентна постапка во која моите тврдења целосно ќе се потврдат, а ќе докажат дека токму оваа хајка во јавноста против мене е само алатка за заплашување пред вториот круг претседателски и парламентарни избори, изјави Наумче Мојсовски.

Каевски порача дека обвинувањата против него се неосновани и тенденциозни и дека не го прекршил законот и тоа ќе се докаже.

Очекувам и во исто време сум убеден дека во една јавна, транспарентна, фер постапка ќе се докаже вистината и целосна моја невиност. Не навлегувам во мотивите на ОЈО да бидам опфатен со ваква постапка, постои сомнеж дека ова е можеби и злоупотреба за изборната кампања, но едно е сигурно вистината ќе се потврди. Дополнително на ова вештачењето е од 25.04.2024 година ден после првиот круг од претседателските избори, а предлогот е доставен за 3 работни дена потоа, вели Дарко Каевски.“

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека се работи за милионски криминал, а прстот го вперија кон Каевски кој сега е пратеник од редовите на СДСМ.„Сега е повеќе од јасно зошто Каевски беше најжесток гласноговорник на СДС, повеќе од очигледно е дека интересот му бил голем. По оваа афера станува јасно зошто спортот во Македонија во последните 7 години е на историско најниско ниво.  Наместо за развој на спортот, парите наменети за истиот се пренасочувани во криминални шеми, истакнуваат од ВМРО – ДПМНЕ.

Обвинението следи по иницијативата на Антикорупциска, која беше поднесена во февруари, минатата година за доделување на ваучерите во периодот од 2020 до 2022 година.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе