Вести Македонија Топ вести

МВР подготвено за преземање на Палевски од Турција, нема информација кога ќе се реализира екстрадицијата

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека турските власти ја одобрија екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо, кој е осомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски.

-Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската полиција се преземаат мерки за организација на преземањето на лицето и негова екстрадиција во Република Северна Македонија, одговорија од МВР.

Палевски е осомничен за две грабнувања и за две убиства кои се случија на крајот на ноември и кои поради монструозната ликвидација на ученичката Вања ја згрозија јавноста во Македонија. Покрај Палевски, осомничени се уште 4 лица меѓу кои и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

Палевски беше во бегство од почетокот на истрагата и беше уапсен во Турција по меѓународна потерница. Веќе 5 месеци е во есктрадициски притвор, а засега нема точна информација кога ќе биде преземен и префрлен во Македонија.

По пристигнувањето, Палевски ќе биде однесен директно во затворот Шутка бидејќи за него веќе има определена мерка од 30 дена притвор.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе