Вести Македонија Топ вести

ДИК: Излезноста до 18:30 часот е 48,46 отсто според податоци од 3.174 избирачки места со 1.653.023 запишани гласачи

Излезноста до 18:30 часот е 48,46 отсто, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски на првата прес-конференција по затворање на гласачките места за првиот круг на денешните претседателски избори.

„До Државната изборна комисија до 19 часот се пристигнати податоци од 3.174 избирачки места со запишани 1,653,023 гласачи од кои гласале 801.074 лица или 48,46 отсто. Најголема излезност е забележана во Новаци од 71,07 отсто, најмала во Центар Жупа од 16,90 отсто. Во текот на денот, гласањето се одвиваше мирно и без поголеми инциденти на гласачките места“, изјави првиот човек на ДИК.

Тој информира и за 134 уважени приговори и на гласачите им било овозможено да го остварат своето избирачко право.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе