Вести Македонија Топ вести

Водомери во делчевско, фотографирање на гласачко ливче во радовишко – два предмета за наводен изборен поткуп пред Комисија при ОЈО

Денешниот изборен ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности, потенцираше претседателот на комисијата на Јавното обвинителство за следење на евентуални изборни нерегуларности, Џељаљ Бајрами на прес-конференција попладнево.

Основното јавно обвинителство ќе ги проверува наводите за два настана во текот на изборниот процес и доколку има услови ќе почне постапка за двата предмета. Во делчевско се истражува наводно поставување на водомери во неколку избирачки места, како изборен поткуп, како и фотографирање на гласачко ливче во Бучим, радовишко.

Во Комисијата, покрај Бајрами како претседател, членуваат и по еден јавен обвинител од сите четири јавни обвинителства во државата и еден основен јавен обвинител од основното Јавно обвинителство во Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе