Вести Македонија Топ вести

Меџити: Османи куќата ја изгради на диво, јас му ја легализирав, а Груби со браќата имаа изградено половина зграда

Лидерот на Демократско Движење Изет Меџити во интервју за ТВ21 рече дека куќата во која живее претседателскиот кандидат Бујар Османи била дивоградба, а тој како градоначалник му ја легализирал.

„Вечерва за прв пат ви кажувам дека кандидатот за претседател Бујар Османи својата куќа ја има изграденo на диво, а јас како градоначалник на Чаир му ја легализирав нему како и на многу други граѓани. Османи наместо да плаќа комунални такси по 110 евра за м2, тој платил 1 евро, што значи самиот тој изградил куќа на диво“, изјави Меџити, кој свевремено беше градоначалник на Чаир од редот на ДУИ.

„Артан Груби и неговите браќа имаат изградено доградба на станови, во Чаир, речиси половина зграда на диво ја изградиле и истите се легализирани“, рече Меџити за Груби од ДУИ, кој е заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за координација на политички прашања на ресорите.

Според него, Груби е тој што во моментов ги диктира политиките на ДУИ кои, според Меџити, на лидерот на интегралистите Али Ахмет му донеле непријателство со сите важни фактори во државата.

„Политиките на Груби му донесоа на Али Ахмети непријателство со сите. Со Албанците, со интернационалците, со медиумите, со сите“, рече Меџити.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе